Уште еден екс вардарец си заминува од Потсдам

Освен репрезентативецот на Македонија, Мартин Томовски, од Потсдам на крајот од сезоната си заминува и рускиот пивот Сергеј Горпишин.

Горпишин, кој во сезона 2019/20 настапуваше за Вардар, во редовите на Потсдам пристигна во 2023 година од Лудвигсхафен.

Раководството на клубот и искусниот Русин одлучија секој да си продолжи по својот пат, па така екс вардарецот ќе има нов предизвик во својата кариера.

Освен Томовски и Горпишин, Потсдам ќе го напуштат уште Словенецот Марк Фејран, како и двајцата интернационалци од Шведска – Емил Хансон и Оле Шрам.

Потсдам се бори за опстанок во Бундес лигата, а до крајот од сезоната ќе има тежок предизвик, со оглед на тоа што досега има остварено само една победа.

Мартин Томовски ќе има нов клуб на лето!