Унгарија, Германија и Шведска со победнички старт на квалификациите за ОИ

Денеска стартуваа женските квалификации за пласман на Олимписките игри во Париз, а на првите три одиграни натпревари немаше изненадувања.

Репрезентацијата на Унгарија, која атакува на олимписка виза, во дуелот со Велика Британија славеше со 49:11 (24:6).

Во дербито од третата квалификациска група, репрезентацијата на Германија беше подобра од Словенија со 31:25 (17:14).

Германките до победата стигнаа со одличната игра во вториот дел, во кој составот на Драган Аџиќ никако не можеше да се доближи на помала негатива.

Одлична партија во победничката репрезентација имаше Јулија Мајдхоф со девет погодоци, додека кај Словенија ниту 11-те погодоци на Ана Грос не беа доволни за барем реми.

Шведска убедливо го доби дуелот со Јапонија, откако триумфираше со 35:28 (17:13) и најверојатно со Унгарија ќе се бори за првото место во првата група.