Украина даде силен отпор на натпреварот против Холандија, но остана со празни раце. Поискусната репрезентација славеше со 40:39 (19:20), а предводници во таборот на „лалињата“ беа Дани Бајенс, Кај Смитс и вардарецот Ларс Коиј.
Бајенс беше стрелец на девет гола, Смитс и Коиј постигнаа по осум. Кај Украина свој ден имаше Дмитриј Артеменко, искусниот ракометар броеше до 13 во првото соочување со Холандија.
Португалија на свој терен беше подобра од Романија со 37:30, а избраниците на Пауло Переира дури во финишот го скршија отпорот на гостите, кои на полувреме имаа плус четири гола разлика, 16:12.
Луис Фраде беше предводник кај Португалија, кружниот напаѓач 11 пати погоди во мрежата на гостите. Кај Романија прво име беше Тудор Ботеа со девет гола.
Германија без многу проблеми славеше против Швајцарија со девет гола разлика, 35:26 (21:13). Левото крило Лукас Цербе одигра одличен натпревар, беше предводник во победничката репрезентација со девет гола, на спротивната страна Мануел Зендер се истакна со пет реализации.
Квалификации за ЕП 2026, 1. коло, резултати:
ГРЦИЈА – ГРУЗИЈА 27-26
ЧЕШКА – ЛУКСЕМБУРГ 23-17
ЦРНА ГОРА – ФИНСКА 29-28
СРБИЈА – ЛЕТОНИЈА 38-25
УНГАРИЈА – СЛОВАЧКА 37-32
ФАРСКИ ОСТРОВИ – КОСОВО 32-21
МАКЕДОНИЈА – ЕСТОНИЈА 37-33
ИСЛАНД – БИХ 36-22
ШПАНИЈА – ИТАЛИЈА 31-30
АВСТРИЈА – ТУРЦИЈА 31-28
ХРВАТСКА- БЕЛГИЈА 30-23
ПОЛСКА – ИЗРАЕЛ 32-32
СЛОВЕНИЈА – ЛИТВАНИЈА 36-25
ГЕРМАНИЈА – ШВАЈЦАРИЈА 35-26
ХОЛАНДИЈА – УКРАИНА 40-39
ПОРТУГАЛИЈА – РОМАНИЈА 37-30
Словенија со победнички старт, Полска во последните секунди се спаси од голем срам