Удар за Аргентина – без браќата Симоне на Мундијалот!

За првпат по СП 2007, ниту еден од тројцата браќа Симоне (Себастијан, Диего, Пабло), нема да биде во составот на Аргентина за мундијалски настап.

Селекторот Родолфо Јунг избра 21 ракометар за скратениот список на Аргентина пред настапот на СП 2025 во Хрватска, Данска и Норвешка.

На списокот ги нема браќата Пабло и Диего Симоне, кои поради лични причини ќе го прескокнат мундијалскиот настап.

Аргентина ќе биде во група со Хрватска, Бахреин и Египет и нема да има лесна задача да се пласира во главната рунда на СП 2025.

Дури 14 ракометари од списокот на Јунг играат во Асобал лигата, двајца има од италијанскиот шампионат, двајца од Франција, како и по еден од Бразил и Португалија, плус уште еден ракометар од домашното првенство.

Подготовките ќе бидат одработени во Сиудад Реал во Шпанија, па Аргентина ќе игра две пријателски средби со Катар во Доха, пред да се вратат во Шпанија и да настапат на турнирот со селекциите на Шпанија и Словачка.