ТРИ ЅВЕЗДИ НА 4. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФОТ ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Единствениот специјализиран портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава повторно избира „Ѕвезда на колото“ во женската Супер лига.
Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено, и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.

На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што за третпат ќе биде направен во првенството на Македонија.

Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.

Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на четвртото коло од плеј-оф фазата во единствената женска сениорска конкуренција во Македонија.

Во изборот за ѕвезда на четвртото коло од плеј-оф фазата има по една ракометарка од Чаир, Ѓорче Петров и Вардар.

За ѕвезда на колото може да гласате до четврток до 12:00 часот.

Женска лига, плеј-оф, 4. коло, резултати:
Чаир – Металург Автокоманда 32:30 (ИЗВЕШТАЈ)
Ѓорче Петров – Куманово 28:19 (ИЗВЕШТАЈ)
Астибо – Вардар 20:33 (ИЗВЕШТАЈ)

СПОРЕД ВАС КОЈА Е НАЈКОРИСНА РАКОМЕТАРКА НА 4. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФОТ ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА?

Леона Миленковска - Вардар
65.17%
Теодора Гулицоска - Чаир
31.46%
Анастасија Николовска - Ѓорче Петров
3.37%

ТРИ ЅВЕЗДИ НА 4. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ ФАЗАТА ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА

Теодора Гулицоска (Чаир) – Искусната ракометарка беше предводник во победата над Металург Автокоманда, натпреварот го заврши со девет погодоци.

Анастасија Николовска (Ѓорче Петров) – Левото крило одигра одлично на натпреварот против Куманово и зад своето име имаше осум успешни реализации.

Леона Миленковска (Вардар) – Големата надеж на македонскиот ракомет одигра според посакуваното на гостувањето во Штип, постигна шест погодоци и подели неколку асистенции.