Тимот на Ваљадолид, каде што играат двајцата македонски интернационалци Димитар Димитриоски и Мартин Карапалевски, ја запиша третата победа на пријателските натпревари.
Ваљадолид славеше на гостувањето кај составот на Кангас со 29-28, откако и на полувремето водеше со 15-12.
Димитриоски и Карапалевски постигнаа по три погодоци на овој натпревар, додека екс вардарецот Толедо даде еден гол.
Ваљадолид на двајцата Македонци ќе игра со истиот тим во првата рунда од Асобал лигата што стартува на 13 септември.