Словачкиот првак Татран Прешов ги промовираше трите засилувања за претстојната сезона – најдобриот стрелец од српскиот шампионат, Његош Ѓукиќ, пивотот од Полска – Дамијан Домагала и словачкиот десен бек Јакуб Федер.
Алексис Албанос ќе продолжи да го води грчкиот вицепрвак АЕК Атина и во наредните две сезони и потпиша нов договор до 2028 година. Претходно АЕК се засили со средниот бек Хироки Мацуока.
Некогашниот десен бек на Металург и Охрид, Предраг Вејин, во новата сезона ќе биде дел од израелскиот Макаби Тел Авив. Тој се рехабилитираше од повредата и е подготвен за камбек на теренот.
Поранешниот организатор на играта на Вардар и Охрид, Младен Крсманчиќ, кој минатата сезона ја заврши во Војводина, од ова лето ќе биде член на тимот на Лозница со кој потпиша договор на една сезона.