Левиот бек Хасан Кадах се раздели со полскиот Келце и во наредните две и пол сезони ќе се обиде да ја „оживее“ кариерата во татковината во дресот на Замалек. Кадах беше прогласен за МВП на Мундијалот за кадети во Скопје во 2019 година.
Левото крило на холандската репрезентација, Бо Ван Ветеринг, ќе остане во европскиот првак Ѓер до 2028 година. Таа дојде во Ѓер во 2024 година и веќе во првата сезона му помогна на клубот да освои титула.
Некогашниот тренер на Вардар, Еурофарм Пелистер, Кометал Ѓорче Петров…и екс селектор на Македонија, Касим Каменица, не е повеќе тренер на босанскиот клуб Горажде, поради слабиот старт на сезоната.
Левото крило на норвешката репрезентација, Сана Солберг Исаксон, која во моментов е на пауза поради бременост, потпиша нов договор со данскиот Есбјерг и ќе остане во екипата по камбекот најмалку до 2028 година.