- Каталонскиот гигант Барселона објави дека е постигнат договор со левото крило на Штутгарт, Дани Фернандез. 23-годишниот шпански репрезентативец потпиша до 2028, а пред настапите во Бундес лигата, играше за Кангас и за младинскито тим на Барса.
- Тимот на Рајн Некар Левен објави дека е потпишан договор со шведскиот лев бек Едвин Аспенбек, кој доаѓа од данскиот Холстебро. 24-годишниот Аспенбек дебитираше за Шведска на СП 2025.
- Романската Валчеа објави дека се продолжени договорите со две ракометарки – кружниот напаѓач Наташа Љепоја и голманката Ралука Келемен. Словенечката репрезентативка ќе остане до 2026, додека Келемен исто така ќе остане уште една сезона.
- Некогашниот голем талент на словенечкиот ракомет, Грегор Оцвирк, ќе остане во Унгарија. Екс членот на Вардар ја продолжи соработката со унгарскиот тим Плер Будимпешта до 2026 година.
- Српскиот лев бек Данило Радовиќ ќе го замени германскиот Минден со тимот на Кретеј. Радовиќ потпиша договор со францускиот клуб и ќе ги брани неговите бои до 2027 година. Претходно левиот бек играше за Динамо Панчево и Спачва Винковци.




