ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Мичијевиќ се сели во Крајова, Хернандез верен на Татран, Балог си оди од Ференцварош

  • Ќамила Мичијевиќ на крајот на оваа сезона заминува од Франција. Хрватската репрезентативка од тимот на Иси Париз се сели во романската Крајова со која потпиша договор до 2026 година.
  • Левото крило Ана Абина на лето се враќа во словенечкиот шампион Крим. Таа потекнува од овој клуб, но во меѓувреме играше за Крка и Млинотест Ајдовшчина, а во новата сезона ќе игра со Тамара Мавсар на левата крилна позиција.
  • Унгарската Бекешчаба објави дека се потпишани договори со 31-годишната Турчинка, Фатос Оздемир. Плејмејкерот доаѓа од германскиот Некарсулмер, а од францускиот Мец доаѓа 19-годишната Хрватка, Анџела Жагар. Двете ракометарки потпишаа договори до крајот на оваа сезона.
  • Аргентинецот Федерико Пизаро кој требаше да се пресели во Кувајт, сепак ќе ја доигра сезоната во шпанската Куенка. Тој требаше да се пресели во Ал Фахел, но не ја доби навреме потребната виза, па ќе остане во Асобал лигата.
  • Искусниот десен бек Жолт Балог, на крајот на оваа сезона ќе си замине од унгарскиот Ференцварош. Некогашниот ракометар на ПИК Сегед, Татабања и Ѓенѓеш во ФТЦ ја игра втората сезона.
  • Левото крило од Куба, Павел Хернандез, потпиша нов договор со словачкиот шампион Татран Прешов. Кубанецот ќе остане во Прешов најмалку до крајот на летото 2026 година.