ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Кулеш продолжи со Хановер, Нант донесе Јапонец, Капитановиќ се сели во Бистрица

  • Левиот бек на Хановер и белоруската репрезентација, Владислав Кулеш, и во наредната сезона ќе остане во бундеслигашот, откако го продолжи договорот до летото 2025 година.
  • Капитенот на Порто, Антонио Ареиа, по долго време заминува од португалскиот првак и ќе се пресели во Франција. Десното крило потпиша договор на две сезони со францускиот Трембле.
  • Кружниот напаѓач на Данкерк и јапонската репрезентација, Шуичи Јосида, од лето ќе се пресели во Нант. Јапонецот се обврза на договор од две сезони и ќе остане во Нант најмалку до 2026 година.
  • Хрватската репрезентативна голманка Ивана Капитановиќ тимот на Рапид Букурешт ќе го замени со друг романски суперлигаш. Таа ќе се пресели во Глорија Бистрица, со која потпиша договор на две сезони.
  • Бразилската репрезентативка Адријана Кардозо на крајот на сезоната ќе си замине од црногорскиот првак Будуќност. Таа дојде во Подгорица пред две сезони и остави одличен впечаток.