ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Кил го задржа Дамке, Солберг си оди од Ѓер, Лигетвари во Веспрем до 2028

  • Германскиот првак Кил задржа уште двајца ракометари од актуелниот играчки кадар. Левото крило Руне Дамке го продолжи договорот за уште две сезони, односно до 2026 година, додека голманот Самир Беласен ќе остане „зебра“ до 2025 година.
  • Шпанскиот среден бек Ерик Баленсиага, кој ја игра првата сезона во германскиот Мелсунген, ја продолжи соработката со тимот предводен од Роберто Парондо до 2027 година.
  • Последен во низата ракометари што ги продолжија договорите со унгарскиот гигант Веспрем е унгарскиот репрезентативец Патрик Лигетвари. Тој ќе остане во тимот на Момир Илиќ до 2028 година.
  • Левиот бек Емили Арнцен ја продолжи соработката со романскиот шампион ЧСМ Букурешт на уште сезона и ќе остане во тимот предводен од Адријан Василе најмалку до 2025 година.
  • Норвешката репрезентативна голманка Силје Солберг по три сезони ќе го напушти унгарскиот шампион Ѓер и ќе се врати во татковината. Нејзин нов предизвик ќе биде европскиот првак Вајперс Кристијансанд.