ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Ѓер ја врза Тофт до 2027, камбек на легендарниот Закрисон, Парондо носи дански бек

  • Романскиот шампион ЧСМ Букурешт објави дека е потпишан договор со репрезентативната голманка Дачијана Хосу. 25-годишната членка на Валчеа се договори на две сезони, а претходно има настапувано за Корона Брашов.
  • Шведскиот тим Ескилстуна Гуиф, кој играше на турнирот во Струга, доби големо засилување за продолжение од сезоната. Некогашниот репрезентативец на Шведска, Матијас Закрисон, се врати на терените, откако пред три сезони реши да ја прекине кариерата поради тешка повреда на грбот. 33-годишниот Закрисон камбекот го направи поради проблемите со повредените играчи кај Гиуф.
  • Францускиот шампион Мец објави дека го продолжи договорот со тренерот Емануел Манојад до 2025 година. Тој дојде во клубот во 2015 година и оттогаш освои шест титули во првенството и четири трофеи во Купот на Франција.
  • Унгарскиот првак Ѓер се пофали со новото засилување – средниот бек од Данска, Кристина Јоргенсен, кој доаѓа од францускиот Мец. Во истовреме Ѓер го продолжи договорот со Сандра Тофт до 2027 година.
  • Белорускиот шампион Мешков Брест донесе познато име за нов тренер на голмани. Станува збор за словачката легенда Ричард Штохл, кој ќе соработува со екс тренерот на Вардар, Едуард Кокшаров, со кој своевремено беа дел од словенечкиот Целје.
  • Според германските медиуми, левиот бек на ГОГ Гудме, Арон Менсинг, од следното лето ќе биде дел од бундеслигашот Мелсунген. 26-годишниот Данец ќе се врати по една година во Германија, откако играше лани за Фленсбург, а сега ќе го облече дресот на тимот што е хит оваа сезона и е предводен од екс тренерот на Вардар, Роберто Парондо.