- Некогашниот среден бек на Металург и Охрид, Халил Озтурк, по епизодата во Катар Спорт, се врати во татковината. Озтурк потпиша договор со тимот на Бејкоз и таму ќе игра до крајот на сезоната.
- Црногорската репрезентативка Дијана Мугоша се обврза на нова соработка со тимот на Крајова. Романскиот клуб објави дека левото крило ќе остане нивна ракометарка најмалку до 2026 година.
- Бундеслигашот Вецлар, каде асистент тренер е Филип Миркуловски, донесе нов кружен напаѓач за следната сезона. Тоа е 19-годишниот Георг Левен, кој доаѓа од европскиот првак Магдебург и ќе им прави друштво на Владимир Врањеш и Расмус Ејлерсен.
- Тимот на Штутгарт постигна нов договор со плејмејкерот Макс Хефнер. 27-годишниот Хефнер, кој ја игра седмата сезона во Штутгарт, се обврза на соработка од една сезона и ќе остане најмалку до 2025 година.
- Европскиот вицепрвак Ференцварош го засили својот ростер за следната сезона со четири ракометарки. Ференцварош ги донесе Русинките Дарија Дмитриева и Валерија Маслова, како и Французинките Лора Глосе и Орлан Канор, па Ѓер добива уште посилен ривал во унгарскиот шампионат.