ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Диало и Илиќ потпишаа нови договори со Тулуз, Којадиновиќ ќе им биде соиграч

  • Шампионот на Германија, Битигхајм, ги продолжи договорите со тренерот и уште пет ракометарки. Данецот Јакоб Вестергард ќе работи во клубот до 2026 година, а нови договори на две сезони потпишаа и најдобрата ракометарка Ксенија Смитс, потоа унгарската репрезентативка Доротеја Фалувеги, како и чешкиот среден бек Вероника Мала. Германските репрезентативки Анте Дел и Ени Беренд исто така потпишаа нови соработки.
  • Десниот бек Урош Којадиновиќ на лето ќе го напушти Партизан и ќе се пресели во францускиот Тулуз, каде што тренер е некогашниот српски репрезентативец Данијел Анѓелковиќ.
  • Капитенот на ГОГ Гудме, Андрес Закаријасен, според данските медиуми на крајот на сезоната ќе го напушти шампионот и би можел да се пресели во тимот на Силкеборг, каде што замина и средниот бек Мортен Олсен.
  • Францускиот Тулуз објави дека е продолжена соработката со четворица ракометари. Станува збор за капитенот Максим Жилбер, кој ќе остане до 2025 година, потоа португалскиот репрезентативец Гонсало Мартинс до 2026 година, додека екс вардарецот Бакари Диало и српското лево крило Немања Илиќ, потпишаа договори до 2027 година.
  • Естонскиот ветеран Маит Патраил до крајот на сезоната ќе игра за тимот на Ајзенах. Во богатата кариера тој долго време игра во Германија и ги носеше дресовите на Лемго, Хановер, Рајн Некар Левен и Хам Вестфален.