Трансфер бомба во Нови Сад – Петар Ѓорѓиќ ја засилува Војводина!

Српскиот репрезентативен лев бек Петар Ѓорѓиќ, денеска е промовиран како нов ракометар на Војводина.

Ѓорѓиќ беше член на португалската Бенфика, со која го врзуваше договор до јуни 2025 година.

Но со оглед на елиминацијата на тимот од Лисабон од Лигата на Европа, двете страни лесно се договориja околу оштетата и раскинот на договорот.

Со ангажманот на Ѓорѓиќ, Војводина ги најавува големите амбиции оваа во Лигата на Европа оваа сезона, како и на домашна сцена каде нема голема конкуренција.

Претходно српскиот шампион го донесе и средниот бек Стефан Додиќ, но голем хендикеп ќе биде повредата на десниот бек Милан Милиќ.

Овој трансфер на Ѓорѓиќ во Војводина, отвора простор за уште поголема минутажа на македонскиот репрезентативец Филип Талески во португалската Бенфика.