Левиот бек Тоше Ончев ќе има нов интернационален предизвик во кариерата. Велешанецот се сели во Шпанија, каде ќе игра за тимот на Атлетико Новас во Дивизион Де Онор Плата.
Како што дознава 24Ракомет, Ончев ќе игра за овој шпански клуб најмалку до крајот на сезоната, а соработката може да биде продолжена ако двете страни се задоволни од соработката.
27-годишниот велешанец замина од Бисинов ФЛ по една полусезона каде беше еден од главните стрелци. Тој играше во скопски Вардар, каде се задржа осум години, потоа го направи своето деби како интернационалец, во францускиот Вернуj.
Од Франција замина во Грција, каде играше за Фаикас Корфу, за после една година да се врати во домашниот шампионат, каде настапуваше за Работнички.
Во сезоната 2021/22 беше дел од Тримо Требње, во Словенија, каде одигра одлична сезона, а потоа играше и за Охрид, пред да замине во Голден Арт, од каде дојде во Велес и мина полусезона.