Шампионот Еурофарм Пелистер запиша две победи во Кавадарци и Охрид на стартот на плеј-офот, а сега го очекува натпревар со „сино-белите“ од Автокоманда.
Тимот на Кирил Лазаров доаѓа во Битола и ќе сака да ја поправи сликата по поразот од 13 разлика во регуларниот дел од суперлигашката сезона.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и „сино-белите“ од Автокоманда е закажан за 13 април, в недела од 18:00 часот.
Билетите за овој дуел ќе бидат пуштени во продажба во текот на утрешниот ден, а ќе можат да се купат ТУКА, како и на продажните места во Битола.