Тиквеш слави прва победа – Куманово падна во Кавадарци

Ракометарите на Тиквеш ја прославија првата сезонска победа во Супер лигата, откако во Кавадарци го совладаа Куманово со 37-25. По поразот од Еурофарм Пелистер и ремито кај Пролет, како и двата меча без победа против грчката Драма во Европскиот Куп, кавадарчани конечно можеа да се израдуваат на триумф и да ги вратат насмевките во „Јасмин“.

Избраниците на Кристијан Грчевски отворија со водство од 4-0, па 5-1, гостите за момент се доближија на негатива од минус еден, 7-6, но влегоа во „црна дупка“. Тиквеш го искористи тоа, крилото Коцев влезе во серија и домашните се одлепија на плус седум, 13-6.

На паузата се замина со 15-10 за Тиквеш, а во продолжение немаше никакви дилеми околу победникот. Домашниот стратег ги ротираше одлично играчите, во игра влезе и кадетскиот репрезентативец Лазов, играа Димовски и Даневски, но тоа не влијаеше на играта и на резултатот во полза на кавадарчани.

Имаше и Куманово свои моменти, односно Димевски, Симоноски, Митревски…но тоа не беше доволно за нешто повеќе на овој натпревар и јасно беше дека бодовите остануваат кај домаќинот.

Во кавадаречкиот тим по пет гола имаа Лазов, Обина, Кофилоски и Коцев, додека голманите Арсиќ и Велков комбинираа 15 одбрани. Во составот на Куманово се истакнаа Димевски и Винисиус со по пет гола.

Куманово се уште е без победа, ќе ја брка на домашен терен против Струга в сабота, додека кавадарчани одат на дерби натпревар против Охрид.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР33006
2ОХРИД33006
3АЛКАЛОИД33006
4ВАРДАР 196132014
5ТИКВЕШ 201431113
6ПРИЛЕП31113
7БУТЕЛ31022
8СТРУГА31022
9БИСИНОВ Ф. Л.31022
10ПРОЛЕТ30212
11КУМАНОВО30030
12РАДОВИШ30030