Тиквеш не успеа да стигне до бодови против „сино-белите“ од Автокоманда

Екипата на Кире Лазаров се израдува на важна победа во Кавадарци, откако во дуелот против Тиквеш триумфираше со 28:23 и остана во битката за второто место, односно за повторување на ланскиот успех. За „сино-белите“ ова беше четврт сезонски триумф во меѓусебните дуели со кавадарчани.

Домаќините имаа лош старт, губеа со 4:0 во воведниот дел, но својот камбек го најавија кон средината на првиот дел израмнувајќи на 6:6. Кавадарчани од тој момент постојано се закануваа, гостите во неколку периоди се одлепуваа на два до три гола разлика и речиси до 29 минута имаа активен резултат.

Избраниците на Лазаров наместо да го засилат ритамот, потфрлија во последниот дел од првото полувреме и му дозволија на домаќинот да остане во игра и да се надева за освојување на трите бодови. Тиквеш првото и единствено водство во првите 30 минути го имаше на полувреме кога Манасков на триесетина секунди пред крајот погоди за 14:13.

Вториот дел започна со игра гол за гол, по осум минути игра во вториот дел, односно при нерешени 18:18, сѐ беше отворено на овој натпревар. Вицепрвакот во 40 минута со мини серија успеа да се одлепи на 19:17. Овие два гола предност беа достижни за домаќините до 55 минута.

Тимот од Автокоманда, со неколку интервенции на Трајкоски, како и со погодоците на браќата Дамјан и Марко Митев, ја надогради предноста за конечни пет гола разлика, 28:23.

Најефикасни во победничката екипа беа Дамјан Митев со осум и Марко Стојковиќ со пет погодоци. Кај Тиквеш прв стрелец беше Мартин Манасков, постигна осум погодоци во мрежата на гостите.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130141
2ПРОЛЕТ1430119
3СТРУГА1400140