Тежок пораз за ривалот на Македонија на ЕП

Селекцијата на Швајцарија, која е ривал на Македонија на претстојното Европско првенство 2024 година, доживеа тежок пораз на стартот на „Кемпа Трофеј“ во Тунис од домаќинот со 31-22.

Победникот беше најавен уште по првото полувреме кога Тунижаните направија залиха од седум погодоци, 17-10.

И покрај одличниот Портнер, кој имаше дури 16 одбрани, а вториот голман Грацоли уште четири, но нивните колеги играа лошо во нападот и не успеаја да се изборат за пристоен пораз.

Во составот на селекторот Михаел Сутер, Рубин беше најдобар со пет гола, по четири дадоа Зендер и Бен Ромдан, додека три пати погоди ветераност Шмид.

Швајцарците денеска ќе ги одмерат силите со Португалија, а утре ќе играат со селекцијата на Австрија.