Теодора Стаменкова се пресели во Грција – ќе игра за Атинаикос

Десниот бек Теодора Стаменкова во продолжение од сезоната ќе го има првиот интернационален предизвик во кариерата.

Таа потпиша за составот на Атинаикос од Грција и кариерата ќе ја продолжи во јужниот сосед на Македонија.

Стаменкова во есенскиот дел од сезоната беше дел од составот на Скопје, кој беше исклучен од натпреварувањата на РФМ по скандалот во Купот на Македонија.

Таа е втората Македонка што ќе игра во грчкиот шампионат, откако Марија Николовска се пресели во АЕК Атина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MOA Handball Agency (@moa_handball)