Нант на шопинг – ги носи Тарафета и Лагард

Според пишувањата на францускиот портал ouest-france.fr, тимот на Нант за следната сезона ќе биде посилен со Јан Тарафета и Ромеин Лагард.

Шпанецот Тарафета, кој настапува на позицијата среден бек и левиот бек Лагард, моментално, настапуваат за Екс ан Прованс.

Лагард пред да се приклучи во неговиот сегашен тим, односно да замине во Рајн Некар, го носеше дресот токму на Нант, па така неговите квалитети добро им се познати на челниците на овој клуб.

Тарафета во Нант би требало да биде замена за Ајмерик Мин. Како што е познато, Мин се наоѓа пред трансфер во бундеслигашот Фленсбург.