Талески со четворка во ремито на Бенфика, Порто и Митревски го загубија дербито во Лисабон

Актуелниот португалски шампион Порто, каде што брани Никола Митревски, загуби во дербито кај Спортинг Лисабон со 35-32 во последното коло од регуларниот дел на првенството.

Иако Порто во вториот дел имаше и предност од 25-24, сепак Спортинг со серија од четири гола, направи пресврт и до крајот ја задржа предноста за 22 победи на 22 меча.

Капитенот на Македонија бранеше на овој натпревар и имаше солиден настап. Забележа осум одбрани од 25 шута на противниците со успешност од 32%.

Бенфика на Филип Талески ремизираше на гости кај Мадеира, 34-34, иако на полувремето тимот на македонскиот репрезентативец водеше со четири гола, 19-15.  Левиот бек постигна четири погодоци на овој натпревар.

Порто има еден заостанат натпревар против Мадеира, на кој ако победи ќе се искачи на второто место. Сега е трет со 54 бода, Бенфика е втора со 57, додека Спортинг има 66 на лидерската позиција, пред стартот на плеј-офот.