Пресметката од квалификациите за ЕП 2026 меѓу Македонија и Словенија е интересна поради дуелите меѓу клупските соиграчи од шампионот Еурофарм Пелистер.
На домашната страна ќе бидат Митревски, Атанасијевиќ, Костески, Кузмановски и Пешевски, додека на гостинската страна се Домен Тајник и екс пелистерецот Урбан Лесјак.
Средниот бек Тајник ги сподели очекувањата пред дуелот во СЦ „Борис Трајковски“.
„По СП 2025, сите беа задоволни од играта и од прогресот. Сите играчи доаѓаат од три клуба, од домашното првенствво. Распродадена е салата, неверојатна е атмосферата што знаат да ја направат Македонците. Мора да се доживее, а не може да се опише со зборови. Ќе биде ‘жешко’, сите очекуваат победа, ние знаеме дек аќе биде тешко, но ќе видиме на крајот кој ќе биде подобар. Се надевам дека за доброто на словенечкиот ракомет и салата во Копер ќе биде полна“, изјави Тајник.
Дуелот меѓу Македонија и Словенија се игра вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ од 20:00 часот, додека вториот меѓусебен дуел е во Копер на 16 март од 18:30 часот.