TРАНСФЕР МАРКЕТ: Екс играч на Охрид оди во Уб, полски пивот во Бешикташ, Висла и Фернандез раскинаа…

  • Турскиот Бешикташ, кој ќе игра на турнирот „Крсте Андоновски Усташ“ во Охрид, формира респектибилен ростер. По Србинот Радојковиќ, Словенецот Цветко, следно засилување е полскиот пивот Матеуш Пиечовски (Висла Плоцк, Адемар Леон).
  • Некогашниот десен бек на Охрид, Дарко Павловиќ, во новата сезона ќе ги брани боите на новиот српски суперлигаш Уб. Павловиќ покрај за Охрид, играше за Лозница, италијанскиот Мерано, кипарскиот Анортозис, грчкиот Олимпијакос…
  • Висла Плоцк и шпанскиот десен бек Давид Фернандез ја раскинаа соработката која беше на сила до 2025 година. Шпанецот мина една сезона во Плоцк, претходната беше позајмен во Адемар, но не ги убеди челниците на Висла да се врати назад.
  • Белорускиот првак Мешков Брест објави дека е потпишан договор на уште три сезони со голманот Андреј Чмељ. 22-годишниот голман дебитираше во првата екипа минатата сезона, остави одличен впечаток и ќе остане во Брест до 2026 година.
  • Според пишувањата на „Моцарт Спорт“, тимот на Партизан би можел наскоро да го промовира првото засилување. Тоа би требало да биде Бранко Предовиќ, кој досега ги бранеше боите на словенечкиот Горење Велење, а претходно играше за Црвенка.