TРАНСФЕР МАРКЕТ: Бенфика најде замена за Њокас, Канкараш останува во Израел, Татран донесе Белорусин

  • Тимот на Бенфика по Јонас Калман, потврди уште еден трансфер. Станува збор за десниот бек на Шамбери, Демис Григорас, кој стави потпис на договорот и ќе го замени Кевин Њокас кој дојде во Металург. Григорас потекнува од Карас Северин, а потоа играше за Темишвар, како и во Татабања.
  • Словачкиот првак Татран Прешов ангажираше уште еден ракометар за следната сезона, а тоа е белорускиот среден бек Валентин Куран. 23-годишниот плејмејкер доаѓа од екипата на Таганрог, а претходно беше дел од белорускиот првак Мешков Брест и шпанскиот Кањас.
  • Десниот бек на репрезентацијата на Естонија, Денер Јанима, не е повеќе член на рускиот вицепрвак ЦСКА Москва. Во ЦСКА доаѓа Дмитри Киселев, таму е и Олег Астрашапкин, па на Јанима не му беше продолжен договорот. Претходно тој играше за Мотор, Кил, Мелсунген, Ајзенах, Ауе, Либек и Хамбург.
  • Екс пикерот на Бутел Скопје и Пелистер, Вељко Давидовиќ, по завршувањето на договорот со израелскиот тим Бнеи Херцлија се врати во татковината. Српскиот кружен напаѓач ќе го носи дресот на Раднички Крагуевац, каде што настапуваше пред шест години. Во меѓувреме играше за Бидасоа, Нови Пазар, Пролетер…
  • Пикерот на украинската репрезентација Дмитро Дорошчук, во новата сезона ќе ги брани боите на полскиот тим Вибжеже Гдањск. Дорошчук минатата сезона ја одигра во португалскиот Спортинг, а претходно настапуваше за Мотор Запорожје, израелскиот Хапоел, како и белорускиот Динамо Минск.
  • Поранешниот пикер на Металург, Бранко Канкараш, ќе остане во израелскиот шампион Макаби Ришон Ле Зион и во иднина. Тој го продолжи договорот за уште две сезони со освојувачот на двојната круна во Израел. Црногорскиот репрезентативец претходно играше за Војводина, Валанс, Истр, Мерсин, Мешков Брест…