Досегашниот формат на натпреварување познат како Супер Глоуб во иднина ќе се ребрендира и ќе биде „ИХФ машко клупско СП“, каде ќе играат најдобрите тимови од секој континет. Почнувајќи од 2024 година, во следните три години домаќин на ова натпреварување ќе биде Египет.
На ова клупско машко СП ќе играат девет екипи, односно домаќинот и континенталните шампиони на Азија, Африка, Европа, Океанија и Јужна и центрачна Америка, и Северна Америка. Плус ИХФ ќе додели и една специјална покана и еден тим од домаќинот. Наскоро ќе бидат познати сите детали околи системот на натпреварување.
Оваа 2024 година ќе се одржи 18. издание на ова клупско Сп, и тоа во Египет, која ечетврта земја домаќин што го организира, по Австрија, Катар и Саудиска Арабија. Египет последн пат беше домаќин во 2007 година кога победи тимот на Сиудад Реал.
Вардар досега е единствениот макеоднски тим што играч на Супер Глоуб, и двапати го освои третото место. Играше како првак од Европа, и тоа во 2017 и 2019 година. Тогаш двапати побендик беше екипата на Барселона.
Актуелен победник на Супер Глоуб е Магдебург, и тоа последните три сезони.