Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите од четврото коло во Лигата на Европа.
Ракометарите на Вардар по поразот на домашен терен од португалскиот Порто патуваат на реванш кај истиот противник.
ЕХФ делегираше судии од Франција за овој натпревар, а станува збор за Јан Кармо и Жулиен Мурш, додека делегат е Штефан Вицтум.
Вардар загуби со 26-22 од Порто на првиот дуел во Скопје, а претходно „црвено-црните“ остварија и убедлив пораз од Мелсунген, односно висока победа над Валур.
Натпреварот меѓу Порто и Вардар ќе се игра во „Драгао Арена“ утревечер со почеток во 20:45 часот.