Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од 5 и 6 коло во квалификациите за ЕП 2026.
ЕХФ реши мечот во Талин против Естонија да го судат Португалците Рубен Маиа и Андре Нуњеш, а делегат е Виктор Конопласти од Украина.
Средбата во Скопје против Литванија ќе ја судат Руд и Пол Гераетс од Холандија, додека делегат ќе биде Герхард Рајзингер од Австрија.
Наптреварот против Естонија се игра во Талин на 8 мај од 18:00 часот, додека оној против Литванија е на програмата на 11 мај во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:00 часот.
Македонија мора да чека пораз на Литванија, иако Словенија таму ќе оди со трет состав, за да остане во конкуренција за второто место. Во секоја друга комбинација, ќе се бори за трето место, ќе треба двапати да победи, но и да пресметува гол-разлика со другите третопласирани селекции од сите групи.