Стојменов даде десет гола, Бисинов до три бода против Партизан Гевгелија

Тимот на Бисинов ја продолжи победничката серија во Првата лига, откако на домашен терен прослави триумф над Партизан Гевгелија со убедливи 45-30.

Гевгеличани парираа во Велес, особено на стартот на првото полувреме, но како одминуваше времето така домаќините ја преземаа контролата на теренот.

До паузата избраниците на Никола Бисинов стигнаа до плус четири, 22-18, а во второто полувреме комплетно беше скршен отпорот на противникот.

Дојде до израз подолгата клупа на велешани и поголемиот избор на ракометари, а гевгеличани немаа сили да го следат силниот ритам.

Најдобри стрелци кај Бисинов беа Александар Стојменов со десет и Александар Ристовски со седум гола, додека кај Партизан Гевгелија се истакна Горан Лисичков со седум и Васил Зајков со шест погодоци.