Селекторот на машката младинска репрезентација на Македонија, Раде Стојановиќ, го објави списокот на ракометари за претстојните натпревари против Турција.
На списокот се наоѓаат 18 ракометари, речиси сите доаѓаат од домашните клубови, додека единствениот интернационалец е голманот Давид Брестовац од германски Котбус.
Собирот на младинците е закажан на 31 октомври, потоа во периодот од 3 до 5 ноември ќе се одиграат контролни натпревари со селекцијата на Турција во Анкара.
По контролните средби со Турција, младинците следниот месец ќе учествуваат на „Трофеј Карпати“ во Романија.
Дополнително треба да бидат познати ривалите на споменатиот турнир, кој ќе се одржи во периодот од 14 до 18 декември.