„Стоилов од кошаркар го направив ракометар“

Поранешниот македонски репрезентативец и актуелен тренер – играч на РК Вардар, Стојанче Стоилов му е внук на предводникот на ЖРК Ѓорче Петров, Симе Симовски.

Симовски тренерската кариера ја започнува во тимот во „Автокоманда“ и тој е причината што Стоилов ќе влезе во ракометни води.

„Во тој период Столе (кој ми е внук од прва братучедка) тренира кошарка во МЗТ. Цело лето го поминува кај нас во Ѓорче и јас му велам сакаш ли да дојдеш со мене на тренинг ракомет. Доаѓа Столе на тренинг на Гази Баба, тоа е убава генерација со Чаневски, Џомба (Гоце Георгиевски) и почнува да тренира. Столе како Столе – фолирант, но го оставив познавајќи го, а и не ми беше репер дека треба да биде играч. Подготовките со МЗТ требаше да му почнат десетина дена подоцна ама тој и натаму со патиките пред автомобилот секое утро ме чекаше за да одиме на тренинг, ’Ајде вујко’ – ми вели. Јас си молчам, времето поминува, тој си тренира. Прво Ристо Чокрев ми вели: ’Добро дете!’. Му одговарам: ’Добар е, ама кошаркар.’ Чокре вика: Не, овој ракометар ќе биде!’ Потоа и другите од управата, особено Крсто, го убедуваа многу да остане во ракомет и така и се случи. Потоа Јовица Цветковиќ ги зема во првиот тим и продолжија да растат. Им дадовме правец на тие ракометари и се радувам што пораснаа во професионалци, репрезентативци и големи играчи.“

Во продолжение прочитајте го целосното интервју со Симе Симовски…

ИНТЕРВЈУ СИМЕ СИМОВСКИ: Сакам со Ѓорче Петров нешто да докажам и на себе и на другите!