Степанчиќ: Немаше да биде незаслужено ако Еурофарм Пелистер освоеше бод

ПИК Сегед славеше со 28-27 против Еурофарм Пелистер во натпревар од 8 коло во Лигата на шампионите.

Десниот бек Лука Степанчиќ беше еден од најзабележителните фигури во гостинскиот тим и вели дека немаше да биде незаслужено ако Еурофарм Пелистер освоеше бод.

„Водевме цел натпревар, знаевме дека ако биде како во Сегед, ако ни направат разлика уште на стартот дека сигурно ќе загубиме. Затоа сакавме од почеток да ја имаме контролата, тие имаа шанси, направија неколку грешки, а ние погодивме од десет метри. Тоа беше среќа, да завршеше реми немаше да биде незаслужено. Би сакал да ја пофалам публиката, прекрасно е чувството да се игра пред ваква публика. Екипата на Еурофарм Пелистер се дига, го крева нивото, и мислам дека победата е „зад аголот“, вели Степанчиќ.

Унгарскиот тим ќе има уште два тешки меча до крајот на оваа година – гостување во Загреб, и тежок натпревар дома со Келце.