Македонската интернационалка Сара Стефаноска продолжува со солидните настапи во српскиот шампионат и заедно со екипата на Јагодина ќе се борат за шампионската титула.
Во последното, 18. коло од регуларниот дел од сезоната, Јагодина рутински славеше против составот на Партизан со девет гола разлика, 25:14.
Стефаноска беше меѓу најдобрите на теренот, завршувајќи го натпреварот со четири погодоци и две асистенции.
Јагодина го заврши регуларниот дел на третото место со биланс од 12 победи, две ремија и четири порази.
Разигрувањето за титулата ќе започне по ЕХФ неделата, а покрај Јагодина, за титулата ќе се борат уште Црвена Ѕвезда, Железничар Инџија и Бор.