Најкорисниот играч на младинското Европско првенство во Словенија, Петар Цикуша, ќе биде дел од составот на Шпанија на Олимписките игри во Париз.
Селекторот Жорди Рибера по повредите на Жоан Кањелас и Гедеон Гвардиола, да го повика назад Цикуша, кој сепак ќе има статус на резерва за старт.
Македа се враќа во основниот состав на местото на Кањелас, а Цикуша ќе биде на местото на екс десниот бек на Вардар во трите резерви, заедно со голманот Ернандез и пивотот Фигуерас.
Средниот бек Цикуша дебитираше за сениорската репрезентација на Шпанија на пријателски натпревар против Норвешка минатата година.
Ова лето беше предводник на младинската селекција на Шпанија, која доминантно ја освои европската титула.