Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварите од 13 коло во Лигата на шампионите.
ЕХФ делегираше судии од Србија за натпреварот на македонскиот првак Еурофарм Пелистер на гостувањето во Лисабон.
Станува збор за Боричиќ и Марковиќ, кој ќе им судат на битолчани на важната пресметка со Спортинг Лисабон.
Натпреварот меѓу Спортинг Лисабон и Еурофарм Пелистер е закажан за 13 февруари од 20:45 часот во салата „Жоао Роча“.