Загреб освои бод во дуелот со Алборг откако Србинот Милош Кос со удар во последната секунда постигна гол за реми, 30-30 (15-15). По 4. коло од А групата од ЕХФ лигата на шампионите, хрватскиот им има 3 бода, иако и зад себе ги остава ПИК Сегед и Еурофарм Пелистер.
Гостите од Данска имаа шанса да ги решат дилемите и да триумфираат. Никлас Ландин ја покажа класата бранејќи го ударот на Кларица при резултат 29-30, со што гостите со една нога веќе беа пред победа. Им останаа уште 26 секунди за напад, со кој можеа да ги решат дилемите, или пак да ја задржат топката. Наместо да задржат врем, Хоксер ја загуби топката и останаа уште десет секунди за Загреб да извлече реми.
Советите на клупата беа токму Кос да биде играчот што ќе упати удар, и акцијата беше за него, а тој погоди.
Почетниот стрес што го доживеа Загреб и водството од 4-0 на гостинскиот Алборг придонесе до крајот на полувремето „сините“ да ја сфатат сериозно работата. Откако Загреб побара тајмаут, плека почна да се средува работат. Првиот гол домаќините го постигнаа во 7 минута. Иако Загреб почна да игра подобро гол разликата се уште беше во корист на Данците.
Во 22 минута Турин зголеми на 12-8 за Алборг и тоа беше последен пат во првото полувреме гостите да ја имаат нависоката предност на мечот во тој период. Потоа Кавчиќ, Дибиров и Главаш погодија за 11-13, а Кларица првпат намали на „минус 1“ (12-13) во 27 минута. Беше најавена неизвесност, бидејќи одбраната добро функционираше.
Кларица во 29 минута првпат израмнува, на 14-14, а во последните секунди Кос реализираше за 15-15, пред да се замине на пауза на полувреме.
Загреб не само што се врати во игра, туку во 33 минута успеа и првпат на мечот да има водство, 18-17 со голот на Куни Моралес. Но, на секоја грешка на Загреб, гостите веднаш возвратија и со серија од 3-0 поведоа со 20-18.
Сега Загреб беше во игра, па без разлика што Алборг водеше, домашните продолжија со својата игра, и повторно го презедоа водството, 23-22, иаки во тој период кога се враќаа резултатски имаа и играч помалку. На голот од контра на Дибиров, брзо возврати Хансен, па на 15 минути до крај на средбата повторно беше неизвесно, и двете екипи со свои математики за победа.
Последните десет минути од мечот Загреб го играше без Адин Фаљиќ кој доби диркетен црвен картон. И со играч помалку „сините“ се одбранија, но потоа направија техничка грешка овозможувајќи му на Алборг да поведе со 27-26.
И повторно резултатски пресврт во корист на Загреб, кои со головите на Куни Моралес и на Милош Кос првпат имаат „плус „“ и водство од 29-27 во 55 минута. Како на филмска лента се менуваа резултатот, и Алборг брзо врати, за изедначување 29-29 во 58 минута. Малку време до крајот, и секоја топка е важна.
Никлас Ландин ја покажа класата бранејќи го ударот на Кларица при резултат 29-30, со што гостите со една нога веќе беа пред победа. Им останаа уште 26 секунди за напад, со кој можеа да ги решат дилемите, или пак да ја задржат топката. Наместо да задржат врем, Хоксер ја загуби топката и останаа уште десет секунди за Загреб да извлече реми. Но, погрешија и во последниот напад Кос реализираше за реми, 30-30.
Во тимот на Загреб најефикасен беше Звонимир Срна со 7 гола, Лука Кларица даде 6, аТимур Дибиров 5 гола. Кај Алборг најпрецизен беше Микел Хансен со 6 гола, а Бартолд, Хоксер и Бјернсен дадоа по 5 гола.
ТАБЕЛА А група