Екипата на Спортинг Лисабон продолжува со одличните партии во Лигата на шампионите, португалскиот тим вечерва славеше над Веспрем со 39:30 и веќе на свое конто има шест бода. Иако Веспрем беше голем фаворит, домаќинот одигра феноменално и покажа дека може да победува и против многу посилни и побогати клубови.
Во првото полувреме од натпреварот паднаа 40 гола, се играше без одбрана, а голманите во првите 30 минути немаа свој ден. Расположени во гостинскиот тим беа браќата Коста, кои доминираа на теренот и беа најзаслужни за резултатската предност на Споритинг во првиот дел.
Гостите на пауза заминаа со плус шест, 23:17, а оваа негатива за унгарскиот шампион значеше дека ќе мора да даде повеќе од потребното во вториот дел. Сепак, избраниците на Чави Пасквал влегоа во уште поголема криза, имаа минус девет во 38 минута, 28:19, и беше сосема јасно каков тек ќе гледаме во преостанатиот дел од натпреварот.
Мартин и Франциско Коста постигнаа по седум погодоци, а во поразениот табо Недим Ремили, исто така, имаше седум реализации.
Барселона на гостувањето во Полска кај Келце ја оправда фаворитската улога триумфирајќи со 32:28 (17:13). Во речиси најголемиот дел од натпреварот гостите имаа контрола на резултатот и заслужено ги освоија бодовите.
Каталонскиот гигант сега има „три од три“, додека Келце останува на два бода, оние кои беа освени на натпреварот против Загреб во првото коло од елитното натпреварување.