ФОТО: РК Спортинг

Спортинг ги надитри „лисиците“ од Берлин, Динамо го препоти ПСЖ

Ракометарите на ПСЖ прославија тешка победа над Динамо Букурешт со 35-32. Иако романскиот првак долго време имаше контрола на теренот, водеше и со три гола во повеќе наврати сепак мораше да се помири со пораз.

На паузата беше 19-16, а во последните десетина минути се влезе со водство на Динамо со 30-28, откако стрелаа Кашпарек и Ѓукиќ, но тогаш беше исклучен Милитару, Кудуз погреши два пати и казната стигна.

Погодија Стеинс, Шипжак, Соле…и ПСЖ отиде на плус два, 32-30. Беше и 34-31 кога остануваа да се играат уште две минути, па немаше дилеми дека бодовите остануваат кај тимот на Раул Гонзалес.

Грин блескаше меѓу стативите со 12 одбрани, додека Пранди со девет и Шипжак со девет беа најдобри стрелци. Во составот на Динамо по пет гола имаа Али Зеин и Трастарсон.

Тимот на Спортинг Лисабон по ремито во Битола, ја продолжи серијата без пораз и по мечот со Фуксе Берлин. Португалскиот првак го победи ослабениот бундеслигаш без илосављев и Гидсел со 35-33.

Во првиот дел црвен картон доби и Марсениќ, па гостинската одбрана имаше големи проблеми во продолжение. Иако Фуксе Берлин кон средината на вториот дел имаше водство со 25-23, домашните имаа убава серија и ја преземаа контролата, 30-26.

Андерсон и Толбринг ги вратија „лисиците“ на реми, 33-33 кога остануваа уште две минути за игра. Мартим Кошта донесе предност за Спортинг, потоа гостите направија техничка грешка и казната стигна одново преку Кошта за голема радост на домашните.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Торкелсон и Мартим Кошта со по осум гола, а триото Лихтлајн, Андерсон и Толбринг дадоа по седум за Фуксе Берлин.