Спартак издржа 30 минути, Куманово ги освои бодовите

Македонскиот вицепрвак Куманово ја забележа втората победа во пролетниот дел од сезоната во Женската лига, откако на гостувањето во Скопје кај Спартак триумфираше со 29:23 (12:12).

Квалитетот меѓу двете екипи дојде до израз во второто полувреме, во кое гостинките беа доминантни и осигураа три бода.

Најефикасни во победничката екипа беа Сара Богојеска со девет и Јана Ѓошевска со осум погодоци.

Кај Спартак прв стрелец беше Ангела Гроздановска со седум погодоци, шест додаде Мила Мемов.

Куманово во досегашниот тек од сезоната на 15 одиграни натпревари забележа 12 победи и три порази.

По ЕХФ паузата, тимот на Славиша Димитријески за следни ривали ги има екипите на Шампион, Деспина, Астибо, Ѓорче Петров…

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080