СП 2023: Бразил ја збриша Аргентина, Австрија изненадена од Ангола

Репрезентацијата на Бразил ја оствари првата победа во групната фаза на Мундијалот 2023, откако во дуелот со Аргентина триумфираше со 33:19 (16:7).

Светскиот првак од 2013 година лесно се справи на денешниот дуел, фаворитската улога ја оправда уште на стартот кога поведе со 7:2, потоа имаше предност од 11:4 и до крајот на полувремето постигна уште пет, а прими само три гола.

Во вториот дел не се смени ништо, бразилките одржуваа висока позитива, постигнуваа лесни погодоци и на крај остварија убедлива победа.

Најефикасни кај Бразил со по пет погодоци беа Бруна Де Паула и Андриана Кастро. Во составот на Аргентина прв стрелец беше Мануела Пизо, имаше пет реализации.

Бразил за последен ривал од главната фаза ја има репрезентацијата на Чешка, додека Аргентина ќе се соочи со Украина, која во баражот за настап на Светското првенство ја елиминираше Македонија.

Ангола славеше со 30:25 против Австрија во натпревар кој беше проследен со голема борба, бидејќи двете репрезентации играа „топло-ладно“ во текот на сите 60 минути.

Африканската репрезентација на полувреме замина со два гола разлика, 16:14, водеше и во вториот дел, но Австрија постојано се закануваше.

Сепак, Ангола одлично го одработи финишот и во завршниот дел целосно ја надигра Австрија, која останува на два бода.

Кај Ангола најдобар поединец беше Азенаиде Карлос со осум погодоци, исто толку постигна и Катарина Панџа во спротивниот табор.

Ракометарките на Ангола во последното коло од главната фаза ќе ги одмерат силите со Јужна Кореја и ќе се обидат да стигнат до втора победа на СП. Австрија за следен ривал ја има репрезентацијата предводена од искусниот Драган Аџиќ – Словенија