Смајлагиќ дополнително повика уште еден голман за ЕП!

Селекторот на БиХ, Ирфан Смајлагиќ, по одиграните пријателски натпревари со Романија, Швајцарија и Аргентина, го објави конечниот состав за настап на Европското првенство во Германија.

Голманот на Шамбери, Харун Хоџиќ, кој беше сместен во резервистите, ќе патува на континенталниот собир. Смајлагиќ на располагање на Европското првенство ќе има уште двајца голмани, тоа се Бенјамин Буриќ и Адмир Ахметашевиќ.

Повреда на подготвителниот турнир заработи Марио Павлак и искусниот среден бек се враќа во Сараево. Во босанскиот табор повреден е и Ибрахиm Хасељиќ, десното крило на Горење, исто така, нема да патува на Европското првенство.

БиХ во Германија ќе го има третиот настап на континенталните собири и ќе се обиде да оствари подобар резултат од претходните две Европски првенства, на кои заврши на 23. позиција.

Избраниците на Смајлагиќ на Европското првенство за ривали во групната фаза ги имаат Шведска, Холандија и дебитантот Грузија.