Словенија загуби од Хрватска со 29-26, иако сакаше да ја им ја расипе забавата на домаќините на Мундијалот.
Селекторот Урош Зорман имаше што да каже за арбитражата на Чесите Хорачек и Новотни, иако мечот беше важен само за Хрватите, не и за Словенците кои од преходно ги загубија шансите за четвртфиналето.
„Никој не очекуваше дека ќе го отвориме натпреварот така, но потоа не можевме да издржиме во второто полувреме. Срамота е што не прикажавме ваква игра на натпреварите против Египет и Исланд. Можам да се жалам на судиските одлуки, но факт е дека ракометот денеска не победи. Тоа беше нова лекција за мене, научив нешто ново, но тоа нека остане за мене. Секако дека добар дел од одговорноста за натпреварите против Египет и Исланд е на мене, со пристапот што го имавме во нападот во тие два меча, невозможно е да се победи во денешниот ракомет. Нема да трошам зборови за судиите, ништо не можеме да направиме во врска со тоа, но дефинитивно си одиме дома порасположени отколку што бевме пред овој натпревар“, изјави Зорман за „Спортске Новости“.
Словенија е ривал на Македонија во квалификациите за ЕП 2026 година.