Реванш натпреварот од четвртфиналето на Европскиот Куп меѓу српскиот Партизан и грчкиот АЕК Атина, најверојатно ќе биде одигран во Скопје.
ЕХФ потврди дека мечот ќе се игра на неутрален терен, а теренот во Македонија им одговара и на двете страни.
Според информациите на 24Ракомет и од српска и од грчка страна има желба мечот да се одигра во Скопје, а веќе се направени и првите контакти со Ракометната федерација на Македонија.
Допрва треба да се утврди терминот и каде ќе се игра мечот, дали во СЦ „Борис Трајковски“ или СЦ „Јане Сандански“, или пак можеби во Автокоманда, каде исто така се играа натпревари оваа сезона од Европскиот Куп.
Иако ЕХФ не потврди, многу веројатно натпреварот ќе биде одигран без присуство на публика.