Вардар славеше со 33-26 против исландскиот Валур на стартот на групната фаза од Лигата на Еворпа.
Голманот Бјоргвин Пал Густавсон имаше одличен натпревар и запиша 16 одбрани, но тоа не беше доволно за нешто повеќе.
„Благодарам на Вардар за добрата игра. Тежок меч, особено првото полувреме, кога потфрливме многу. Во вториот дел се вративме, но тешко е тука да се игра пред полна сала. Па и покрај се, на крајот сме среќни“, изјави Густавсон.
Тренерот на Валур, Оскар Оскарсон ја пофали атмосферата во Скопје.
„Сите во Европа знаат дека Вардар ги има најдобрите навивачи, во првото полувреме имавме многу промашени шанси, и оние осум гола беа многу за нас. Се вративме малку, ова не беше наш натпревар и се надевам дека ќе играме подобро“, изјави Оскарсон.
Валур на домашен терен ќе игра со Порто во второто коло, додека Вардар оди на гости кај Мелсунген.