Симовски: Се подготвуваме двата трофеи да бидат во наши раце

Екипата на Ѓорче Петров направи сериозен чекор кон одбраната на титулата откако во дербито на седмото коло прослави убедлива победа против Чаир со 45-29 (21-9).

Ѓорчепетровки сега го држат првото место и се на добар пат да стигнат до трето злато во низа.

Тренерот на Ѓорче Петров, Симе Симовски, како клучен фактор за победата над Чаир ја истакна добрата подготовка.

,,Се подготвувавме дека ќе биде дерби дуел, реков дека Чаир не е екипа за потценување и дека треба да бидеме претпазливи. Подготовката за Чаир, подготовка која траеше околу десет дена, девојките ја испочитуваа максимално, одработивме како што треба од прва минута, па до крај, иако имавме еден пад во второто полувреме од десетина минути, во кои противникот успеа да наметне свое темпо, имавме тајм-аут, се договоривме и пак си дојде ситуацијата на свое место. Девојките го одиграа мечот во еден ритам, кој што противикот не можеше да го прати, ние наметнуваме наша игра и ривалот не можеше да ја прати”, изјави Симовски.

Стратегот на „лавиците“ посакува на крајот од сезоната неговиот тим да ги освои двата трофеи на домашна сцена

,,Ние се подготвуваме двата трофеи да бидат во наши раце, прво тука е титулата, потоа и Купот, бидејќи две години не успеавме да го освоиме Купот, напорно е, се бориме на три фронта, тоа е тешко, немаме некоја голема ротација, на самите тренинзи девојките го даваат максимумот, склони сме на повреди, лечиме, има рехабилитации…Презадоволен сум од нивната заложба и затоа играат вака пожртвувано. Играта што беше прикажана против Чаир ми дава надеж дека ќе пружиме добра партија против белгискиот Ојпен во Европскиот Куп, бидејќи она што го зацртавме, го испочитуваа, доколку го анализираме добро ривалот, зошто да не победиме и да тие натпревари”, заврши Симовски.

Следен ривал на Ѓорче Петров е екипата на Скопје, потоа следуваат двата европски дуели против Ојпен од Белгија.

Јанкуловска: Дисциплината беше клучна за победата против Чаир

Ризоска: Сега сме прво место и мислам дека така ќе остане до крај

Ѓорче Петров покажа моќ и доминација – сега го „преслуша“ Чаир