Новиот селектор на машката сениорска репрезентација на Хрватска, Дагур Сигурдсон, го објави списокот на играчи за настап на олимписките квалификации, кои ќе се одржат во периодот од 14 до 17 март.
Меѓу избраните 21 ракометар се најде името на екс ракометарот на Вардар и Металург, Лука Циндриќ. Новиот предводник на „коцкестите“ на списокот ги смести Давор Чавар од Загреб и Златко Раужан од Сесвете, двајцата ракометари ги немаше на поширокиот список од 35 играчи.
Се уште не е познато зошто е изоставен Циндриќ, кој игра солидно во дресот на Динамо Букурешт. Во репрезентацијата се враќа еден од најдобрите дефанзивци – Јаков Гојун.
Членот на Мелсунген, Иван Мартиновиќ, нема да настапи на квалификациите за пласман на ОИ во Париз. Како што е познато, еден од најдобрите ракометари на Хрватска заработи повреда на Европското првенство во јануари и не е доволно подготвен за да им помогне на своите репрезентативни колеги.
Сигурдсон најави дека во Хановер ќе оди со 20 играчи, што значи дека од списокот ќе испадне уште еден играч.
Хрватска за ривали во квалификациите ги има репрезентациите на Германија, Алжир и Австрија. Најдобрите две репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман на најголемата спортска манифестација.