Се комплетираа учесниците на претстојното Светско клупско првенство што ќе се одржи во Египет.
Последен учесник стана екипата на Сиднеј Универзитет, која го освои првенството на Австралија и Океанија.
Во Канбера, на финалниот натпревар Сиднеј Универзитет беше подобар од Квинсленд со 23-20, откако и на полувремето водеше со 13-9.
Сиднеј Универзитет сега им се приклучи на Барселона, Веспрем, Магдебург, Ал Ахли, Замалек, Ал Калеј, Таубате и Калифорнија Иглс на Светското клупско првенство, а групите ќе бидат дополнително познати.