Легендарниот Лука Жвижеј не е повеќе дел од стручниот штаб на Урош Зорман во машката репрезентација на Словенија.
Жвижеј ги одработи првите два меча од квалификациите за ЕП 2026 против Литванија и Естонија, а сега ќе има друг предизвик, но надвор од ракометните терени.
Негова примарна работа ќе стане маркетинг агент во едно словенечките радио станици и ќе се посвети исклучиво на таа работа.
Претходно Зорман остана и без тренерот на голмани Горазд Шкоф, па ќе формира нов стручен штаб во 2025.
Новиот стручен штаб на Зорман и Словенија ќе го има своето деби на двомечот со Македонија од квалификациите за ЕП 2026 во март.